Menu
Your Cart

Онлајн плаќања

Со E-commerce услугата на Комерцијална банка овозможувате плаќање преку Интернет со картичка, со што станувате достапни за сите заинтересирани купувачи, од целиот свет и во секое време, при што се наплатува банкарска провизија од 2.2% од износот на трансакцијата.
Највисока безбедност на трансакциите

Е-commerce услугата на Комерцијална банка е во согласност со 3D 2.0 Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa International и Mastercard Worldwide, односно ги има имплементирано Verified by Visa и Mastercard Secure Code.

Трговецот ја креира својата Интернет продавница и соодветно решение преку кое се води купувачот низ процесот на нарачка, односно купување на производот/услугата. Во моментот на вршење на плаќање, купувачот се пренасочува на заштитена веб-страница на која се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. По завршување на трансакцијата корисникот повторно се враќа на интернет-страницата на трговецот.

Согласно ваквиот принцип на авторизирање, односно вршење трансакции, трговецот нема пристап до доверливите податоци за картичката, со што се заштитува од одговорност при потенцијални злоупотреби во случај на несоодветно архивирање.

Дополнителни можности на услугата

Покрај основните придобивки на онлајн продажбата, со E-commerce услугата на Комерцијална банка можете да ги добиете и следните надградени опции:

  • Card on file (зачувување на картичката) – со оваа услуга Банката овозможува безбедно чување на платежните податоците на купувачите, со што нивните повторни плаќања би биле побрзи и поедноставни за нив.
  • Recurring payments (повторувачки наплати) – плаќања кои се повторуваат на одредени предефинирани циклуси, погодни за наплата на месечни претплати, членарини и сл.
  • Можност за рефундирање/делумно рефундирање преку трговскиот профил кој ќе ви го обезбеди Банката.
  • Плаќање преку мобилни апликации.